Ние овде зборуваме за реконструкција на Влада и се лутите зошто ве критикуваме со бројки од институциите, 20 отсто инфлација е највисока во регионот, најниско ниво на странски директни инвестиции, ова е факт, рече пратеникот Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска
„Вие немате наведено ништо за вашите министри и заменици министри. Требаше да кажете што сте сработиле, вашите пратеници требаше да зборуваат за проектите кои сте ги реализирале“, укажа Ристески.
Според него оваа власт е веќе долго и треба да зборува за сработеното, а не за нешто што се случувало претходно.
„Вие сте веќе седма година на власт. Некое дете кое сега има 23 години, завршило факултет, сега заминува од државата, одговорноста е кај вас. Вие во овој период не направивте ништо. Само 10 проценти од граѓаните сметаат дека државата се движи во позитивна насока, значи имате 90 проценти кои сметаат дека државата оди во негативна насока. За граѓаните најголем проблем е економијата. Две третини не очекуваат сегашниот премиер да подобри нешто зошто сметаат дека е неспособен“, рече Ристески.
Според него сето ова „покажува дека не ви оди работата, единствениот излез се избори“.
„Премиерот потрошил 26 илјади евра да се рекламира на Фејсбук, како децана, криминалот и корупцијата цветаат. Државата ќе оди напред само ако прекинете да крадете. Тогаш ќе има пари за се за образование, за здравство“, порача Ристески.