Новинарот Љупчо Златев со остра реакција во јавноста за случајот со Ива Михаилова, која ја предизвика сообраќајната несреќа на експресниот пат Штип – Кочани, во која на 7 октомври 2025 година загина 33-годишниот Бесим Дурмиши од селото Љуботен.
-На оваа фотографија е Бесим Дурмиши, нашиот 33 годишен сограѓанин од село Љуботен, кој загина на 7-ми октомври 2025 во собраќајката која ја предизвика Ива Михаилова на експресниот пат Штип – Кочани.
Неговите соселани велат дека Бесим бил чесен и вреден работник, кој потекнувал од вредно и чесно еснафско семејство кое со пот си го зараборувало лебот. Дурмиши биле луѓе кои никому не згрешиле и воделе мирен живот.
На кобниот ден, се враќал од работа заедно со своите колеги и налетал на разјарената ќерка на осудениот криминалец во бегство, Симеон Михаилов која со брзина над дозволената удрила директно во возилото во кое бил. Починал на лице место…
Ива Михаилова никогаш во последната година не изразила сочувство до неговото семејство. Уште пострашно, наместо сочувство од Ива Михаилова, Бесим мртов доби клевети и навреди дека бил Ром (Со зборот на Ц, кој не ми паѓа на паѓа на памет да го напишам) кој работел на некаква викендица на министерот Тимчо Муцунски.
Вистината е дека Бесим е Албанец и дека не работел на никаква викендица на Муцунски (затоа што тој не гради), туку бил на градежни задачи на друго место.
Независно дали е Ром, Албанец, Бугарин, Србин, Влав, Турчин или Македонец, Бесим бил еден од нас и неправдата кон него е неправда кон секој граѓанин на Македонија!
Солзите на секое семејство, независно од кој етникум доаѓа и која религија ја има се исто горчливи и болат исто. Прерано згаснал живот… Живот на наш човек…
Обвинителството ја терети Михаилова за Предизвикување на сообраќајна несреќа со смртни последици од небрежност, кривично дело за кое нема високи казни. Наместо да изрази сочувство кон семејството и да прифати некаква симболилна казна, таа одлучи да плука по мртов човек, да глуми жртва, да меша тајни служби на соседни земји и да го клевети својот народ.
Јас имам различна верска припадност од Бесим, по дома зборувам различен од јазикот кој тој го зборувал со своето семејство. Но, мене Бесим ми е посличен од Ива со која споделувам јазик и религија. Затоа што прво треба да си ЧОВЕК, па потоа се друго!
Нека му е светол патот во домот Алахов (арапски превод на Господов, со идентично значење)!, пишува Златев во својата објава на социјалните мрежи.
