Денеска бев во посета на местото каде што се гради фабриката од наменската индустрија во с. Крапа. Бев информиран за динамиката и начинот на реализација на истата, стои во Фејсбук статусот на Жарко Ристевски, градоначалникот на општина Македонски Брод.

Тој напиша дека индустриската зона на Барбарос мора да стане реалност, како што беше и предвидено во предизборна кампања со што ќе овозможат можност за отворање на нови вработувања, а со тоа младите ќе останат во Македонски Брод.