Тој потести дека Нинџа дал различни изјави за тоа кога се случила нивната наводна средба, но оти е јасно оти немало никава средба.
– Ниту сум му се јавил да дојде во штабот на ВМРО бидејќи Нинџа воопшто не беше таму, а тоа се докажа и од извештајот на вештакот Мирослав Котевски, рече Ристовски.
Тој додаде дека телефоните на Нинџа биле вкучени цело време и оти сведокот не бил во седиштето на партијата, а уште помалку дека го видел на осмиот кат.