Во мега финалето во Струмица четвртиот куп заврши на контото на скопскиот тим. Вардар новата сезона ја отвори со титула во Супер купот. Црвено-црните во Струмица славеа со 30-26 над актуелниот шампион Еурофарм Пелистер.

Публиката виде доста интересен и израмнет меч. Тоа го покажува и тоа што во најголем дел од мечот резултатот беше израмнет.

На пауза се замина егал (13-13), а по паузата вардарци го диктираа резултато. Постојано беа во водство со гол два, а комплетниот отпор на битолчани беше скршем во последните пет минути од мечот.

Во составот од Скопје најдобри поединци беа двоецот Срби. Срдановиќ даде 8, додека Петриќ 7 погодоци. Кај зелено белите Радивојевиќ даде 7 погодоци, додека Кисум еден помалку.