Минатата седмица малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за 1,50 денар/литар, додека малопродажните цени бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за 1,00 денар/литар во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.05.2021 година.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголеми за 0,800 ден/кг.