Парното греење во Скопје поскапува, одлучи регулаторната комисија за енергетика. Новата цена ќе се пресметува со сметките од декември кои граѓаните ќе ги плаќаат во јануари.
– Единствена причина за зголемувањето на цената на топлинска енергија е потребата да се инвестира во мрежата за затоплување. Сакам да ги повикам граѓаните да имаат разбирање затоа што долги години не е инвестирано, сега конечно ја управува државна компанија и сигурен сум дека во следниот период мрежата ќе биде подобрена.
Донесовме одлука за ЕСМ енергетика каде што зголемувањето на цената изнесува 7,6% и за Скопје Север за 7,7%. Најголемиот систем за топлинска енергија снабдува помеѓу 62.000 и 63.000 потрошувачи, во Железара имаме околу 1000 потрошувачи и во Скопје Север имаме околу 450 потрошувачи.
Она што го побаравме е системот во Железара и во оној во Скопје да се спојуваат затоа што нема логика да определуваме две цени, информираше претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.
