Втората можност, како што рече Бислимовски во гостувањето во Студио 10 на Телевизија 24, е парите за субвенции да се исплаќаат директно на снабдувачот кој пак ќе ја намали крајната сметка што ќе треба да ја платат ранливите категории на домаќинства.

-Проширувањето на опфат на ранливите категории кои ќе добиваат субвенции за подмирување на сметките за електрична енергија е приоритет на РКЕ . Таргетирани се домаќинства кои имаат помали вкупни приходи од месечната потрошувачка кошница. Во моментов се анализира да се направи правичен модел кој подразбира дека тие кои имаат помали приходи ќе добиваат поголема субвенција од државата. Домаќинства кои се во рамките на минималната потрошувачка кошничка ќе добиваат најголема субвенција. Како се зголемуваат тие приходи до одредено ниво, износот ќе се намалува и мерката ќе важи само за ранливите категории, изјави Бислимовски.