Родителите на деца во Тајван ги обвинија воспитувачите во предучилишна установа дека ги дрогираат нивните деца.
Воспитувачите во приватната градинка Баорен, во градот Њу Тајпеј, се обвинети дека ги смирувале децата користејќи сируп за кашлица што предизвикува зависност.
Полицијата започна истрага овој месец откако родителите изразија загриженост дека децата покажуваат невообичаени симптоми, како што се промени во расположението и грчеви.
Осум деца биле позитивни на психоактивни супстанци, фенобарбитал и бензодиазепини.
Три деца имаат симптоми за кои се верува дека се резултат на лекови кои предизвикуваат голема зависност.
Директорот на градинката и пет воспитувачи се уапсени и се чека истрага.
Градинката добила казна од околу четири илјади евра.