Во Вараждин, Хрватска, е започната истрага за случајот со закопаните тела на две бебиња, пронајдени во дворот на семејна куќа. Дарко Галиќ, заменик на жупанискиот државен обвинител, изјави дека е во тек распит на родителите на децата, кои се сомничат за занемарување со фатални последици.
Хрватските власти информираат дека околу куќата се видливи траги од копањето со багери, што ја покажува сериозноста на истрагата.
Полицијата во Хрватска добила дојава за случајот
Хрватскиот министер за внатрешни работи, Давор Божиновиќ, изјави дека случајот бил откриен благодарение на дојава од близок извор.
-
„Полицијата доби дојава од лице кое е релативно блиску до семејството, но не е член на пошироката фамилија“, изјави Божиновиќ.
Родителите биле членови на секта
Соседите и познаниците наведуваат дека семејството се преселило во местото пред околу пет години. Тие биле идентификувани како членови на религиозната секта „Месијански Евреи“, која е помалку позната, но привлекува внимание поради своите уникатни религиозни практики.