Инцидент во Галац по влегување на беспилотно летало во воздушниот простор

Руски дрон ноќеска погодил станбена зграда во Романија, земја членка на НАТО, во град во близина на границата со Украина, при што се повредени две лица, соопшти романското Министерство за одбрана.

Според соопштението, едно од беспилотните летала влегло во романскиот воздушен простор и било следено со радар сè до јужниот дел на градот Галац, каде што паднало врз покрив на станбена зграда и предизвикало пожар.

„Едно од овие беспилотни летала влегол во романскиот воздушен простор, бил следен со радар до јужниот дел од градот Галац и паднал на покривот на станбена зграда, предизвикувајќи пожар“, се наведува во соопштението.

Две лица со полесни повреди, пожарот изгаснат

Итните служби информираат дека двете повредени лица добиле медицинска помош поради гребнатини, а пожарот бил навреме изгаснат.

Романското Министерство за одбрана соопшти дека дронови од почетокот на руската офанзива врз Украина во 2022 година повеќепати биле регистрирани како навлегуваат во романскиот воздушен простор, но ова е прв случај во кој беспилотно летало удира во станбен објект.

Ф-16 авиони кренати по тревога

По откривањето на беспилотните летала, романските власти подигнале два борбени авиони Ф-16, соопшти Министерството за одбрана.

Во исто време, во соседна Украина била прогласена национална воздушна тревога поради очекувани напади, која подоцна во текот на утрото била укината.