Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо може да го пропушти натпреварот од 23. коло на Премиер лигата со Вест Хем.

Кристијано имаше проблеми со вратот на натпреварот со Брентфорд (3:1) – напаѓачот беше заменет во 71. минута.

– Учеството на Роналдо на натпреварот е под знак прашалник, бидејќи има проблеми со вратот. Вчера мина 2-3 часа третман, па ќе видиме како се чувствува, изјави тренерот Ралф Рангник.

Триесет и шестгодишниот Португалец оваа сезона постигна осум гола на 17 натпревари во Премиер лигата.

Натпреварот Манчестер јунајтед – Вест Хем треба да се игра утре со почеток во 16 часот.