Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар фудбалер на тимот во март, објавено е на официјалниот сајт на клубот.
Тој го освои првото место во гласањето на навивачите. Во конкуренција за наградата беа и Џејдон Санчо и Фред.
Во март, 37-годишниот Португалец постигна хет-трик на мечот против Тотенхем (3:2) во Премиер лигата.
Роналдо оваа сезона одигра 24 натпревари во Англиското фудбалско првенство за Манчестер јунајтед, постигнувајќи 12 гола и три асистенции.