Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност во западните делови. Наутро по котлините ќе има услови за појава на слаба магла. Ќе дува слаб претежно северен ветер. Минималната температура ќе се движи од -3 до 4, а максималната од 17 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала локална облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до еден, а максималната ќе достигне 22 степена.

Според УХМР, утре ќе биде значително облачно со врнежи од дожд, претежно во западните делови. На средината на неделата ќе преовладува сончево и топло со променлива облачност, а кон крајот на неделата ќе дува сé повеќе јужен ветер и ќе преовладува променливо облачно време со повремен дожд.