Португалецот не се најде во стартниот состав за денешниот натпревар од првото коло во Серија А против Удинезе.
Според Шира, агентот на Роналдо, Жорж Мендеш, разговарал со Манчестер јунајтед, Манчестер сити и Реал Мадрид.
Последната опција е малку веројатна поради лошите односи на играчот со претседателот на клубот Флорентино Перез.
Триесет и шестгодишниот Португалец минатата сезона одигра 44 натпревари за Јувентус и постигна 36 голови плус четири асистенции.