Американскиот државен секретар ќе учествува на состанок на Г7
Американскиот државен секретар Марко Рубио ќе ги претстави пред сојузниците на Г7 деталите од воената стратегија на САД против Иран, со цел да обезбеди поддршка за активностите на САД на Блискиот Исток.
Рубио ќе присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во близина на Париз во петок „за да ги унапреди клучните интереси на САД“ и да разговара за заедничките безбедносни проблеми и можностите за соработка“, соопшти Министерството за надворешни работи на САД.
„Областите на фокус ќе вклучуваат војната меѓу Русија и Украина, ситуацијата на Блискиот Исток и заканите за мирот и стабилноста низ целиот свет“, се наведува во соопштението.
Г7 го одбива директното учество во операцијата
Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера изјави дека претставници на САД и Иран разговарале, но официјален Техеран го негираше тоа.
Повеќето земји од Г7, вклучувајќи ја Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија, реагираа резервирано на воената операција на САД и Израел против Иран и одбија директно да учествуваат во неа.
