Високорангиран руски дипломат кажа дека преговорите за безбедносни гаранции за Русија не може да почнат сè додека инструкторите на НАТО и „западните платеници“ се во Украина, односно додека Западот продолжува да му испраќа оружје на Киев.
Александар Дарчиев, еден од одговорните на руското министерство за надворешни работи задолжен за Северна Америка, кажа дека „преговорите би биле избрзани сè додека не престане испраќањето оружје и финансирањето на режимот на (украинскиот претседател Володимир) Зеленски и додека американските и НАТО платениците и инструкторите не се повлечат од Украина“.
Русија странските војници кои се борат на страната на Киев ги смета за платеници и досега осуди низа заробени западни милитанти.