Две лица загинаа денес откако патнички авион слета од пистата во Ненецкиот автономен округ во северна Русија, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

Во текот на ноќта, авионот слетал на ледено поле на околу 10 километри од селото Каратајка, пренесува руската новинска агенција РИА.