Руското Министерство за одбрана соопшти дека руски ракети „Калибр“ погодиле складиште за оружје во областа Запорожје во Украина.

Русите тврдат дека е уништено оружје од САД и западните земји.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните воздушни сили уништиле 59 украински цели во текот на ноќта.

„Високо прецизните ракети со долг дострел „Калибр“ ги уништија хангарите во близина на фабриката во Запорожје, кои содржеа големо количество странско оружје и муниција доставени од САД и европските земји до украинските војници “, рече Конашенков, пренесе Индекс.хр.