Руски воен авион „Су-30“ се урна во Калининградската област за време на планиран тренажен лет, соопшти руското Министерство за одбрана. Несреќата се случила при изведување редовни обучни активности, а според првичните информации, во инцидентот нема човечки жртви ниту повредени лица на земјата.

Од ресорното министерство потврдија дека пилотите успеале навреме да реагираат пред падот на леталото на теренот.

„Екипажот на авионот се катапултираше и беше евакуиран од копнен тим за пребарување и спасување. Животите на пилотите не се во опасност“, наведуваат од Министерството.

Според официјалното соопштение што го пренесуваат медиумите, воениот авион се урнал на ненаселено подрачје и притоа не предизвикал материјална штета. Летот се одвивал според однапред утврден протокол без муниција во леталото, додека надлежните воени органи сè уште не ги соопштуваат причините за падот на борбениот авион.