Во напад со високопрецизни ракети истрелани од воздух руските сили нападнале концентрирана украинска воена опрема на железничката станица Новгород-Волински во регионот Житомир, соопшти портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.
Во нападот се уништени резервите наменети за префрлање до украински војници во Донбас – прецизира Конашенков.
Генерал Конашенков информира и дека оперативната и тактичката авијација на руските воздухопловни сили во последните 24 часа погодила 42 воени објекти во Украина, вклучително и командно место, две полски складишта за муниција и два повеќецевни ракетни системи, како и 12 упоришта и области со концентрација на украинска воена опрема.
Руските системи за противвоздушна одбрана соборија два украински воени хеликоптери: Ми-8 и Ми-24 во близина на Керсон, како и три беспилотни летала, меѓу кои два – „Бајрактара ТБ-2“ во областите Криви Рог и Трудова – посочи Конашенков.
Тој додаде дека руските сили целосно ја блокирале населбата Новомихајловка во Доњецката област, а со потиснување на единиците на 54-та механизирана бригада на украинските војници, единиците на руските вооружени сили ја блокираат и населбата Угљедар, каде што се водат борби.
Во текот на изминатиот ден на ова подрачје е уништена засилена моторизирана пешадиска чета и тенковски вод на украински војници – прецизира генералот.
Конашенков истакна дека од почетокот на војната, руските вооружени сили уништиле 125 украински авиони, 95 хеликоптери, 416 беспилотни летала, 220 повеќецевни ракетни системи, 2.003 тенкови и оклопни возила, 220 повеќецевни ракетни фрлачи, 869 артилерија и минофрлачи и 1.902 возила на специјалните сили на вооружените сили на Украина.