Израелските безбедносни сили го убиле вооружениот маж кој уби две лица и рани неколку други во терористички напад во центарот на крајбрежниот град Тел Авив.

Терористот кој го изврши вчерашниот вооружен напад во Тел Авив е лоциран и неутрализиран – соопштија официјални лица.

Во соопштението се додава дека човекот, кој бил Палестинец од Западниот Брег, бил убиен во близина на џамија во населбата Јафа.