Русковска вели дека е разрешена зашто отворила истрага против Рашковски

Р
Македонија 03.04.2023. 21:03

Поранешната шефица на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во интервју за ТВ Телма изнесе тврдење дека била разрешена од функцијата затоа што отворила истрага против тогашниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

Русковска рече дека имала притисок и закани за да се откаже од шефовското место, а за возврат ѝ било понудено да стане заменик државен јавен обвинител. „Со понудите сакаа да ме фатат на пенал, а тоа е почнувањето предистрага за тогашниот директор на Финансова полиција, Арафат Муареми“.

Таа претпоставува дека со понудата на тие повисоки функции, ако ги прифатела, можеби ќе требала и да ја повлече истрагата за случајот со Рашковски. Во однос на дисциплинската постапка против неа, таа го предложила како сведок професорот Калајџиев, зашто бил вклучен во изработката на дел од законот за кривична постапка, но тоа не било прифатено, а како докази биле наведени само претставките Муареми, рече Русковска.

Русковска реле дека не ѝ била важна функцијата, но во интерес на правната држава се кандидирала повторно за шефица на обвинителството кое го раководела.


Останати вести од Македонија

Подкаст

Подкаст