Арина Сабаленка продолжи со убедливите настапи на УС Опен и избори пласман во четвртфиналето без да загуби сет. Првата носителка ја совлада Тејлор Таунсенд со 6-4 и 6-3, по 75 минути игра.

Со победата над американската тенисерка, Сабаленка стигна до својот 17. последователен триумф во Њујорк.

Белорусинката останува во трката за освојување на третата титула по ред на последниот Грен слем турнир во сезоната.

За пласман во полуфиналето, Сабаленка ќе игра против победничката од дуелот меѓу Линда Носкова и Марта Костјук.