САД и Македонија го зацврстуваат стратешкото партнерство. Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, оствари значајна средба со државниот секретар на САД Марко Рубио, во Вашингтон. На состанокот беше потврдена извонредната билатерална соработка. Таа се заснова на стратешко партнерство, заеднички вредности и долготрајно пријателство меѓу двете земји.
Обраќање на Муцунски во Дејтон: Единството на НАТО мора да биде функционално, не декларативно
Муцунски ја истакна подготвеноста на македонската влада за продлабочување на политичкиот дијалог со САД. Посветеноста кон конкретна реализација на заедничкиот Акционен план. Исто така, изрази јасна заложба за институционализирање на стратешкото партнерство преку конкретни чекори.
Економија и трговија: нови можности
Разговорите се фокусираа и на економската соработка, каде беа разгледани потенцијали за намалување на царините и иницирање процес за склучување Договор за слободна трговија. Муцунски ја нагласи отвореноста на Македонија за привлекување американски инвестиции и засилено присуство на американски компании во државата.
Безбедносна соработка и НАТО
Во делот на безбедносната соработка, двајцата соговорници го оценија македонскиот придонес во рамки на НАТО како значаен. Македонија инвестира над 2% од својот БДП во одбранбениот сектор, што е доказ за нејзината посветеност како кредибилен сојузник.
Регионална стабилност и глобални приоритети
Беше посветено особено внимание на ситуацијата во Западен Балкан, при што Рубио го потврдил значењето на Македонија како клучен фактор за стабилноста во регионот. Муцунски се заблагодари за поддршката од САД во процесите на демократизација, владеење на правото и борба против корупцијата.
Муцунски: Стратешкото партнерство со САД добива нова динамика
„Ја завршуваме посетата на САД со силна порака на партнерство и поддршка. Разговаравме за заедничката заложба за регионалната стабилност, европската интеграција и безбедносната соработка. Поддршката од САД ќе продолжи со засилен интензитет“, изјави министерот Муцунски.