Претседателот Џон Бајден минатиот месец изјави оти размислува за таков дипломатски бојкот за на тој начин да изрази критика на состојбата со човековите права во Кина, вклучувајќи го и тоа што официјален Вашингтон го нарекува „геноцид врз муслиманското малцинство во западната кинеска провинција Ксинџијанг“.
– Администрацијата на Бајден нема да испрати дипломатско или официјално претставништво на Зимските олимписки игри и Параолимписките игри во Пекинг 2022 имајќи го предвид геноцидот што се врши во Народна Република Кина и злосторствата против човештвото во Ксинџијанг, како и другите случаи на кршење на човековите права, изјави портпаролот на Белата куќа, Џен Пекси.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи претходно денеска на брифинг во Пекинг повика поттикнувачите да заговараат дипломатски бојкот на ЗОИ „со цел да не влијаат негативно врз дијалогот и соработката меѓи Кина и САД во важните подрачја“.
САД треба да бидат домаќини на Летните олимписки игри 2028 во Лос Анџелес, што го наметнува прашањето каков во меѓувреме би можел да биде одговорот на Кина на објавениот дипломатски бојкот на Игрите во Пекинг.