Соединетите Американски Држави ја почитуваат пресудата на Специјализираните совети на Косово против поранешните лидери на ОВК Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими.

Од Вашингтон порачаа дека сите страни треба да ја прифатат одлуката донесена од судот во Хаг.

САД со оваа реакција се огласија по изрекувањето на пресудата за четворицата поранешни високи претставници на ОВК.