Според информациите сите останати 11 европски градови и гарантирале на УЕФА дека ќе примаат одреден број навивачи на стадионите и тоа најмалку четвртина од капацитетот. Засега од Ирска не можат да обезбедат такви гаранции.

– Фудбалската асоцијација на Ирска на препорака на Владата ја информира УЕФА дека поради актуелната ситуацијата со ковид-19 не е во можност да даде гаранции за присуство на одреден број навивачи на ЕП кое летово треба да се игра и во Даблин, стои во соопштението од ирската федерација.

УЕФА на ова одговорила со рок до 28. април, а ако и тогаш Ирците останат на истиот став тогаш извесно е дека друг град ќе го превземе домаќинството.