Заев започна со бришење на терминот „македонски“ од сите државни институции, а сега неговиот потрчко и чувар на фотелјата во СДС, Венко Филипче е спремен на тоа празно место да напише „северномакедонски“, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Само СДС и Филипче немаат проблем кога некој не нарекува „северномакедонци“, затоа за нив тоа е успех и се горди на тоа.

Само Филипче и СДС, и нивниот врховен лидер Заев, немаат проблем да водат антинационална и антидржавна политика, која е во интерес на бугарските власти. За нив, нема ништо лошо во тоа Бугарија да го негира нашето постоење пред 1944 година, нашите револуционери и дејци да бидат Бугари и нашиот македонски јазик да биде произлезен или пак дијалект на бугарскиот јазик.

Само Филипче и СДС повикуваат на уставни измени, кои се првиот чекор од сетот барања кои самата Бугарија, односно нејзините власти, јасно кажаа дека ќе ги имаат“, додаваа Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче и СДС се на иста линија со Бугарија. Ставовите им се исти, барањата им се исти. Уценетиот Филипче молчи и не одговара за што е уценет од група на бугарски политичари? Дали во уцената е вмешан и Зоран Заев?

Филипче треба да се вразуми и да ги штити македонските интереси, а не бугарските интереси. Македонија мора да добие јасни гаранции дека уставните измени ќе бидат последното барање за влез на Македонија во ЕУ. Македонија мора да влезе во ЕУ како достоинствена, горда и исправена држава, а не наведната, усрамена и понижена како што беше со влезот во НАТО алијансата“, додава тој.