– Не сакаме некој да ни се доближи на табелата во Бундеслигата. Сакаме да станеме шампиони. Во Лигата на шампионите, како и обично, малите детали и условите за игра во одреден ден се клучни во ова натпреварување. Сè уште немам освоено трофеј, па затоа сум особено мотивиран.

Што се однесува до фаворитите во Лигата на шампионите, во моментов мислам дека сме најсилни во Европа заедно со Манчестер сити, Ливерпул и Челзи. Но, треба да ни биде јасно дека формата на тимовите може брзо да се промени до крајот на сезоната, изјави Сане.

На 16 февруари Баерн ќе го одигра првиот натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите против Салцбург. Реваншот ќе се одржи на 8 март