Од нив, како што посочи МВР, 73 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 16 возила со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 49 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 136 надвор од населено место. За сите се подготвени соодветни пријави.

– Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР.