Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави видео посветено на македонската метропола.

„Нема поубав град од Скопје, ниту поголема одговорност од тоа да им служиш на скопјани“, напиша Ѓорѓиевски.

Соборниот храм, скопскиот плоштад, птичја перспектива од Скопје и Камениот мост се само дел од обележјата прикажани во видеото.