Во зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол полицијата вчера во периодот од 22:00 до 03:00 часот на територијата на СВР Тетово санкционирала 12 возачи, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР информираат дека продолжуваат со засилените акциски контроли и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел побезбедни патишта.