Од нив, како што се посочува, 13 возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 117 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 106 надвор од населено место.
Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.