Претпладнево од 07: 00 до 12:00 часот била спроведена зајакната акциска контрола на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената. При контролата биле санкционирани 32 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената во населено место.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од МВР.