Саудиската армија би можела да добие нови оружени системи за прецизни удари, откако американскиот Стејт департмент даде одобрение за потенцијална продажба чија вредност достигнува 1,96 милијарда долари. За одлуката информираше американската Агенција за одбранбена безбедносна соработка.

Во соопштението се наведува дека планираната набавка вклучува системи произведени од британската компанија „Би-еј-ај системс“ (BAE Systems). Покрај самите оружени системи, договорот предвидува и испорака на придружна опрема, како и обезбедување соодветна поддршка.