Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, остро ја критикуваше СДСМ за соучесништво во злоупотребите што се случувале за време на нивната коалиција со ДУИ, обвинувајќи ги за молчење и неодговорност.

„Силна порака од Стејт департментот“

Пешевска во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија изјави дека пораката од Стејт департментот е јасна: „Никој нема да биде поштеден од законот и секој ќе одговара за она што го сторил.“

Таа се зачуди како сега СДСМ почнале да критикуваат, кога цели седум години биле коалициски партнери со ДУИ и ги игнорирале злоупотребите.

„СДС молчеше додека ние баравме одговори за криминалите, тендерите во четири очи и огромните суми што исчезнуваа. Сега, одеднаш почнаа да зборуваат,“ истакна Пешевска.

Коалицијата на „стаклени нозе“

Пешевска обвини дека СДСМ, поради кревкиот коалициски капацитет, не реагирале на злоупотребите и ги оставиле „огромните кражби“ непречени.

„Вашата влада беше на стаклени нозе. Не се спротивставивте, а сега зборувате како да не бевте дел од истото,“ рече Пешевска, директно обраќајќи се до пратеничката од СДСМ, Јованка Тренчевска.

„Соучесници сте во криминалите“

Според Пешевска, дел од членовите на СДСМ биле директни соучесници во злоупотребите:

„Се надевам дека правдата ќе ги стигне сите виновници. Ваши луѓе беа дел од криминалите, а сега го браните тоа што е неодбранливо,“ потенцираше Пешевска.

ДУИ и Артан Груби како „труло дрво“

Пешевска го коментираше и дистанцирањето на ДУИ од Артан Груби, нарекувајќи го „обид да се заштити партијата од негативни последици.“

„Каде беа сите претходно кога ние постојано укажувавме на проблемите? Погледнете сега, по цела година играње фудбал во канцелариите на владата, Бујар Османи конечно се освестил и изјавува дека тоа видео не требало да се објави. Но, суштината е дека такво однесување не смееше ниту да се случи во државните институции. А вие, госпоѓо Тренчевска, каде бевте тогаш? Зошто не реагиравте кога ние алармиравме за овие случаи? Кога јавноста беше поделена поради овие настани, вие молчевте. Каква е цената за тоа молчење? Криминалите и огромните суми пари што се одлеаа од државната каса се факт кој вие не го спречивте додека бевте во коалиција со ДУИ,“ истакна Пешевска.

Таа додаде дека јавноста веќе долго време укажувала на злоупотребите, но никој не реагирал.