„СДСМ ги слуша, ги разбира и целосно ги поддржува барањата за граѓанското движење „Кој е следен?“, Сметаме дека тие се легитимни, праведни и пред се неопходни, одоговори организациониот секретар на СДСМ, Мартин Костовски на новинарско прашање.
Претходно, Радио Лидер прв објави кој стои зад организацијата на протестите на „Кој е следен?“.
Лице осудено за палење на канцеларијата на Иванов го организира денешниот протестен марш
СДСМ го поддржа движењето „Кој е следен?“
„Ова не се само барања на иницијативата – ова се барања на целото општество и сите граѓани. Ова се гласови на генерација која прашува нешто суштинско: дали некој конечно ќе одговара? И да, време е конечно да има одговорност, целосна и неселективна – дисциплинска, кривична, политичка – за сите институции и поединци кои со своето (не)делување ги довеле граѓаните до опасност и трагедија. Без селекција и без калкулации. Веруваме дека Владата и ЈО ќе бидат доблесни да ги прифатат овие барања за кои илјадници малди маршираа на улиците“, рече Костовски од СДСМ.
„Кој е следен?“ наиде на критики
Претходно, поделени мислења на социјалните мрежи се јавија за „Кој е следен?“
Извор: Слободен печат