СДСМ реагира по денешната несреќа на градилиштето, во која загина едно лице, а неколку работници се повредени, оценувајќи дека трагедијата не смее да се релативизира.

Од партијата велат дека станува збор за сериозен системски пропуст и бараат целосна и детална истрага за утврдување одговорност кај сите инволвирани.

Според нив, инвеститорот и фирмата што ја градела зградата се поврзуваат со политички структури на ВМРО-ДПМНЕ и со лица блиски до поранешниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. Посочуваат и дека едно од вклучените лица било ангажирано како адвокат од страна на Ѓорѓиевски.

СДСМ отвора прашања за начинот на кој е издадено одобрението за градба, кој вршел контрола на градилиштето и дали општината спровела соодветен инспекциски надзор. Дополнително, прашуваат дали безбедноста била реално проверена или само формално потврдена.

Од партијата бараат Јавното обвинителство итно да ги обезбеди сите докази од терен за да се спречи нивна евентуална измена или прикривање, нагласувајќи дека станува збор за прашање на безбедност и човечки животи.