Почна асфалтирањето на улицата СРУ 5, која е важна сообраќајница во поранешната касарна во Битола, соопшти општината.

„За некои ова ќе изгледа како свечен чин, а за нас е секојдневна редовна работа, бидејќи уличната и патната инфраструктура се наш приоритет“, изјави градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Претходно се работеше на тротоарите од двете страни, со широчина од по 2,5 метри, како и на поставување на коловозни рабници. По асфалтирањето на коловозот, ќе се работи на велосипедска патека, а просторот ќе биде и хортикултурно уреден.

Улицата има комплетна инфраструктура – атмосферска и фекална канализација, водоводна инсталација и улично осветлување.

Инвестицијата изнесува над 9 милиони денари.