Голготата на мајката на Јаулески ја пренесуваме во продолжение:
Неговата мајка, која од 1999-та година е вработена во Фондот за здравствено осигурување, моментално во подрачното одделение во Скопје, пред некое време поднела барање да поради семејни и лични причини, своите работни обврски ги извршува од дома, односно да биде преместена во подрачната единица во Струга. И бидејќи тука нема ништо спорно, барањето ѝ било потпишано (одобрено) од двајцата директори.
Но, оваа диктаторска власт, како што вели Јаулески, која ужива да ги измачува луѓето и да си игра со нивните емоции и нерви, мотивирана од тоа што таа е мајка на пратеник од опозицијата, решила да го поништи ова одобрение и да го врати вон сила, односно повторно да ја врати во Скопје и тоа по барање и ургенција на локалните раководители од СДС во Струга.
– Господа од власта, имам да ви порачам дека ниту ви се плашам, ниту пак јас или некој од мојата фамилија ќе подлегнеме на вашите притисоци, како што не подлегнавме и порано.
Исто така, сакам да ви порачам дека ниту Црн Дрим не ве пере од одговорноста за криминалот кој го правите и за тоа кога ќе дојде време нема да бидете поштедени.
Ова за мене е мотив повеќе за враќање на демократските вредности во Македонија и туркање на оваа диктаторска власт, порачува Јаулески.