Ричард Гренел важи за пријател на македонската влада. Премиерот Мицкоски ги соопшти деталите за средбата.

Имав средба со Ричард Гренел, поранешниот шеф на Националната разузнавачка служба, а сега во новата администрација нов претседателски пратеник за специјални мисии и политика.
Разговаравме за актуелните случувања, за предизвиците со кои се соочуваме како држава и нашето остварување на стратешките интереси врзани со членството во Европската Унија.
Воедно побарав поголемо ангажирање од нашите стратешки партнери на тој план, како и искористување на потенцијалите на економски план.
Се бориме за секој интерес на Македонија!, напиша премиерот Мицкоски.

За сите останати детали околу посетата на Мицкоски во Вашингтон зборувавме на нашата емисија утрово.

(ВИДЕО) ЕКСКЛУЗИВНО: Кој го покани и што ќе донесе Мицкоски од инагурацијата на Трамп?

Оваа средба е само дел од низата средба со видни личности на премиерот Мицкоски.