Владата на денешната седница донела Одлука за давање согласност на Одлуката за проширување на дејноста на Јавната здравствена установа Градска општа болница „8-ми Септември“ – Скопје за спроведување специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита на секундарно ниво од областа на онкологијата и радиотерапијата.

Тоа би значело дека освен на скопската Клиника за онкологија и радиотерапија, ќе се отвори уште едно одделение за Онкологија во Градската болница „8 септември“, што би било дополнително олеснување за болните од рак, чии бројки во последните години алармантно растат.

Според нашите информации, болницата веќе располага со потребната медицинска опрема како акцелератор. Исто така, таму ќе работи и лекар онколог, кој се вратил од специјализација.