Од денеска започнува реконструкција на главниот мост над Маркова Река во скопската населба Драчево, соопшти град Скопје.
Поради изведувањето на градежните работи, во наредниот период може да има отежнато одвивање на сообраќајот, па од Град Скопје замолуваат за трпение, разбирање и почитување на сообраќајниот ред.
– Реконструкцијата на мостот е значаен чекор кон подобрување на инфраструктурата и безбедноста за сите граѓани – потенцираат од Град Скопје.
