Се самоуби човекот кој утрово ја претепа, па пукаше и ја рани во стомакот 25-годишната девојка од Велес, пишува порталот Батали.нет.
Полицијата попладнево го лоцираше во неговиот стан, па во голема акција, се обиде да го уапси. Во акцијата, полицијата употреби шок бомби и солзавец.
Сепак, човекот не дозволил да биде уапсен, па непосредно пред полицијата да влезе во станот, тој се самоубил.
Батали.нет пишува дека се работи за 38-годишниот З.Т. кој на крајот на 2008 година го убил својот брат и бил осуден на 13 годишна затворска казна.