Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот М.Б.(68) во возилото ,,форд“, додека со телесни повреди се здобил возачот Д.Д., констатирани во болницата во Кочани.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кочани.
На 14.12.2021 во 12.55 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на магистралниот пат Штип-Делчево, на територија на Кочани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ,,форд“ со германски национални ознаки, управувано од Т.Б.(32) од Виница и патничко возило ,,киа“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од Д.Д.(39) од Македонска Каменица.