Според Сеизмолошката служба на Хрватска земјотресот бил регистриран во 1 часот и 58 минути, со епицентар во Петриње. Магнитудата на потресот изнесувала 4,2 степени според Рихтер, а интензитетот во емицентарот бил V-VI степени на скалата на ЕМС.

-Потресот бил почувствуван во централна Хрватска во широката околина на Петриње, Сисак и Загреб, соопштила Сеизмолошката служба на Хрватска, пренесува Јутарњи лист.

Засега нема информации за евентуални штети и повредени.

По првиот земјотрес, во 2и 27 часот бил регистриран уште еден со послаб интензитет, со сила од 2,8 степени според Рихтер