Земјотресот е регистриран околу 21,30 часот во округот Бингол на длабочина од 15,51 км. Земјотресот предизвика сериозни штети во две куќи во селата Кушбајра и Челеби, пренесе АФАД.
Нема извештаи за повредени. Земјотресот беше проследен со најмалку 11 последователни потреси. 50 шатори се испратени во областа.
Повеќе од 40 лица го загубија животот во земјотресот со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала во округот Елазаг минатиот јануари.