Моментално на терен се екипа од Шумското стопансрво „Бабуна“ со 10 вработени и шест пожарникари од велешката противпожарна единица со две возила.
Како што соопштуваат од ЦУК, не постои можност за проширување на пожарот кон село Карабуњиште и село Сл’п.
Пожарот во 13 часот во горниот фронт е ставен под контрола, додека во долниот дел околу железничката станица, заради временските услови, односно појава на ветер, истиот повторно е активен и е во непристапен терен, велат од таму.
Од страна на „Македонски железници“ се доставени околу 200 литри вода, а воедно активиран е и противпожарниот воз.