Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја провериле документацијата на клиниката кога и во каква состојба било примено. Надзор направиле и кај матичниот гинеколог и во струмичката болница.
Извештајот треба да даде одговор колку редовни контроли правела мајката, каква терапија примало новороденчето и кога е примено во болница. Во зависност од нивната контрола ќе се знае дали ќе има формирање стручна комисија.
Според лекарите од Детската клиника, бебето било донесено во многу лоша состојба и сепсата била фатална. Од друга страна, пак, од струмичката болница кажуваат дека по раѓањето бебето го ставиле на антибиотска терапија и го испуштиле дома со мајката во добра состојба.
Ова е втор случај за еден месец. Претходно на Детската клиника почина 14-месечно бебе од Гошинце за кое надзорот констатираше системски и стручни пропусти. Двајца специјалисти се суспендирани и за нив во тек е дисциплинска постапка.
Од Лекарската комора деновиве ќе се изјаснат по барањето на Таравари какви мерки да бидат преземени.